Позната ТВ водителка Милена Антовска веќе 15 години е лицето на утринската програма на Канал 5 телевизија, а во своето деценија ипол телевизиско искуство направила многу интервјуа со гости од разни општествени сфери, чиј број веруваме не го знае ниту самата.
Многумина кои работат иста или слична професија како Милена, ќе се согласат дека најтешко е да зборуваат или пишувааат за себе, како и за блиски членови на потесното семејство.
Токму едно такво неодамнешно интервју и се случи на Милена пред камерите на „Здраво Македонијо“ кое сигурно не и беше нималку лесно и пропратено со позитивна трема.
Имено, гостин пред камери и беше нејзниот постар брат, Благоја Антовски кој по професија е тапанар.
Тој со сестра си зборуваше за неговата професија, а таа секако добро информирана се потруди да го даде најдоброто од себе за да се покаже пред бато.
Благоја во музичките кругови важи за еден од најдобрите тапанари, а освен што работи како перкусионист во Македонска Филхармонија, долгогодишен член е во бендот на Каролина Гочева, а од неодамна и дел од бендот и на Владо Георгиев.
Наследниците Антовски и двајцата со јавна професија, секој успешен и свој на своето, а веруваме најгорди да ги гледаат заедно пред камери беа нивните мама и тато.
фото:Instagram printscreen/ milena_antovska/ ebageski/