Вчеравечер, 08-ми октомври во Македонската опера и балест се одржа домашниот избор за наша претставничка на светскиот избор на убавина – „Мис Универзум 2024“, кој пак годинава ќе се одржи на 16 ноември во Мексико Сити.
Гламурозна вечер на скапи тоалети, познати лица и во публиката и во жирито и на сцената… Изборот на селектираните девојки, таков каков што секој поединечно го доживува, заедно сосе победничката, Теа Ѓоргиевска.
За многумина лепеза од убавина, ама за некои и не баш… За понудениот избор на мисици не сите имаат исто мислење, а меѓу нив и пејачката Марија Луиса Тодоровска, која со другарка и Тамара тргнаа да го гледаат изборот.
„Каде одиме вечерва?“ – ја праша другарка и Тамара, Марија Луиса Тодоровска, додека се симнуваа со лифтот, а пејачката и одговори дека одат да ги гледаат мисиците. До душа не беше избор за „Мис Македонија“ како што рече Марија, туку избор на македонска претставничка за „Мис Универзум“, ама сеедно.
Шоуто во МОБ течеше, убавиците крстареа по сцената со своите „ cat walk“ чекори во разни модни комбинации – од свечени фустани до бикини, додека публиката уживаше.
Едни беа опиени од модните креации, други од младата убавина, трети со очи ги пиеја и со поглед соблекуваа младите женски тела… Во зависност од тоа, кој како ја доживуваа вечерта кога убавината дефилира!
Како што е редот потоа, на враќање кон дома коментарите „во четири очи“ не изостанаа… Само што за разлика од многумина, Марија Луиса Тодоровска и другарка и Тамара впечатоците јавно ги споделија. А нивните импресии, не баш најпозитивни!
„Многу ми е криво што имам 32 години…“ – вели Марија, а на тоа се надоврзува Тамара: „Инаку, ќе им ја земеше титулата… Новите стандарди за убавина ги виде?“ – ја праша пејачката, која по принципот: ‘што на ум, тоа на друм’, си ја отвори душата: „Целулит до… носот“!
И кога пристигнаа дома коментарите за мисиците ниту изостанаа, ниту престанаа… Туку, Марија Луиса дополнително јавно ги споделила: „Мис Универзум, ало…!? На 32 години не им се давам на овие дваесет годишните, па не знам што да е значи… Не се давам“ – категорично тврди Марија, која рака на срце и не е далеку од вистината. Штета што нема избор за мисица меѓу пејачките.
А, што се однесува до „давањето“, никако да покаже кому тоа сега … „му се дава“? За порано – е познато!
Фото и видео: Инстаграм/luisa.todorovska