Радио Милева бакшиш и фрлена паричка

Марија Луиса покажа дека има душа кога ќе ја погодат со песна, додека другарка и’ посака да и исполни една поинаква желба: Арно ама, пејачката џабе пари не фрла во вода! (ВИДЕО)

Марија Луиса покажа дека има душа кога ќе ја погодат со песна, додека другарка и’ посака да и исполни една поинаква желба: Арно ама, пејачката џабе пари не фрла во вода! (ВИДЕО)

Иако работата не и дозволува многу слободно време за ноќна забава, зашто навечер пее, а денот воглавно го преспива, Марија Луиса Тодоровска понекогаш знае да украде за себе парче од денот за делник или празник сеедно, за да си направи и самата ќеф на душичката. Особено кога е летото вака пеколно, најдобро е да се замине некаде покрај вода, макар и на ден или два.

Илинден беше добар повод и уште подобра прилика пејачката и нејзината верна другарка Тамара да прошетаат до Охрид.

А да дојдеш во македонскиот бисер, а да не појдеш до Свети Наум е греота. Манастирот и неговата духовна моќ, прекрасниот панорански поглед на езерската шир и секако, изворите каде што Охридското езеро извира, се неописива убавина, која не се пропушта, без оглед колку пати си бил во нивна посета.

Во таков амбиент да пропуштиш да седнеш на ручек, џабе си доаѓал… Ама Марија е речиси порасната во  кафеана, па добро знае да си го истера ќеифот и кога во кафеаната е гостинка, а не е на работа.

Салатиче, пастрмче, по некоја чаша винце и музиче на увце. Па уште кога ќе ти ја погодат песната, е тогаш се покажува кој колкава душа има.

А, Марија Луиса уште еднаш покажа, дека не само што умее својата песна добро да ја наплати, туку знае и гратис да запее, па уште за тоа и музиката со бакшиш да ја закити. Илјадарче на виолината за „Ако одам во Битола“…

…Илјадарче на хармониката „За Лилјана“ на Тома…  Марија уште еднаш покажа дека не е само „кралица на бакшишот“, туку  и галантна гостинка кога ќе и ја погодат песната!

Другарка и’ Тамара додека седеа на масата не се фати за чантичката, ама затоа нешто подоцна се фати за паричката… Онаа за среќа, што се фрла во изворите, па потоа желба можете да си посакате.

Само што овој пат Тамара желбата наместо себеси и ја посака на другарка и – Марија да се омажи! Зашто добро знае дека пејачката е повеќе од искусна и „со сите бои мачкана“, па за џабе пари не фрла во вода!

Фото и видео: Инстаграм/luisa.todorovska

 

To top