Брачното музичко дуо Марија и Бојан „Ај Кју“, периодов ги живее своите најубави, највозбудливи и дефинитивно најдинамични животни поглавја.
Марија и Бојан сега се подготвуваат за нивната најважна и најодговорна животна улога – родителството.
Имено, Марија „брои ситно“ до големиот чин на породувањето, а судејќи по фотографиите каде гордо го покажува својот „стомак до заби“ во тесен зелен фустан, бебето може да пристигне секој момент.

Но, тоа што терминот е ептен блиску, воопшто не ги спречува овие двајца уметници да уживаат во животот со полни гради и да ја слават среќата.
Повод за последното големо славење беше роденденот на тато Бојан.

Наместо во мирна домашна атмосфера, парот одлучи да направи вистинска славеничка забава. Заедно со најблиските пријатели во еден бар, во ритамот на светските хитови, тие покажаа дека бременоста не е пречка за добар такт и одлична атмосфера.
Марија и Бојан го вжештија подиумот и не престанаа да танцуваат и да се забавуваат, загревајќи се за најубавиот подарок кој наскоро им пристигнува.

Инаку, оваа среќна во низа е само логично продолжение на нивната долгогодишна љубовна приказна која ја крунисаа со брак пред само неколку месеци кога направија свадба поркај море.
Со лесно!
фото: Instagram printscreen/mariaeyecue



