Радио Милева ШОК И УЖАС НА МУНДИЈАЛОТ

Манијак се обидел да силува позната новинарка: Ја следел до лифтот, а навивачи ја спасиле

Мелина Моријатис тврди дека непознат маж ја следел до лифтот во хотелот во кој престојувала за време на Светското првенство.

Манијак се обидел да силува позната новинарка: Ја следел до лифтот, а навивачи ја спасиле

Аргентинската спортска новинарка и инфлуенсерка Мелина Моријатис соопшти дека доживеала обид за сексуален напад во хотел во Атланта, каде што престојувала за време на известувањето од Светското првенство.

Моријатис, која на Инстаграм ја следат речиси 700.000 луѓе, раскажа дека инцидентот се случил во раните утрински часови во понеделникот, веднаш по нејзиното пристигнување од аеродромот.

📷 Instagram @melimoriatisfit

Според нејзиното сведоштво, додека се пријавувала на рецепцијата забележала дека ја следи непознат маж. Тој потоа влегол со неа во лифтот, по што таа брзо реагирала и излегла пред да се затворат вратите.

Новинарката веднаш се вратила на рецепцијата и побарала помош.

„Доживеав обид за злоупотреба овде во Атланта, а можеби можеше да се случи и нешто многу полошо. Неколку Аргентинци ми го спасија животот“, изјави Моријатис.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by MELINA MORIATIS (@melimoriatisfit)

Според аргентинските медиуми, четворица навивачи од Аргентина веднаш ѝ притрчале на помош и останале со неа до пристигнувањето на полицијата. Тие, наводно, помогнале и осомничениот да биде задржан до доаѓањето на полициските службеници.

Во знак на благодарност, Моријатис потоа започнала иницијатива на четворицата навивачи да им бидат обезбедени билети за полуфиналниот натпревар меѓу Аргентина и Англија.

Аргентина во тој натпревар со пресврт славеше со 2:1 и се пласираше во финалето против Шпанија.

To top