Познатата манекенка Дејана Живковиќ објави фотографии во впечатлив црвен фустан, со кои привлече големо внимание кај своите следбеници.
Дејана Живковиќ повторно е во центарот на вниманието на јавноста, откако на социјалните мрежи сподели фотографии на кои позира во елегантен црвен фустан со висок шлиц. Таа сподели серија фотографии во тесниот фустан кој ги истакнува нејзиниот тесен струк и деколтето.

Живковиќ се фотографирала во вечерна атмосфера во луксузна вила покрај базен, а нејзината впечатлива комбинација предизвика бројни реакции кај следбениците. Фустанот имаше шлиц што се спушташе до колковите, а Дејана позираше покрај базенот со косата собрана наназад.

Нејзината најнова објава предизвика низа позитивни коментари, а многу следбеници напишаa дека изгледа одлично по веста за разводот од сопругот, бизнисменот Филип Симовиќ.

Според информациите, Дејана со децата го напуштила досегашниот семеен дом во луксузна белградска населба. И покрај промените во приватниот живот, манекенката активно споделува моменти од секојдневието и порачува дека продолжува понатаму со свое темпо.
Foto: printscreen/instagram/dejanazivkovic







