Цеца Ражнатовиќ на својот Инстаграм профил и честиташе на својата сестра Лидија Оцокољиќ, која вчера на 1 декември го прослави својот 50-ти роденден.
Пејачката сподели слика од својот дом на Дедиње, каде роденденката дува свеќички на торта во форма на срце, а по тој повод и испрати емотивни зборови.
– Среќен роденден, те сакам! – изјави Цеца.
Инаку, Лидија Оцокољиќ речиси 20 години е во брак со поранешниот фудбалер Предраг Оцокољиќ, со кој има четири деца. Цеца и нејзината сестра повеќе од две децении живеат заедно во вилата, а Лидија неодамна решила да си направи сопствено гнездо со семејството.
– Мојата сестра ќе биде многу блиску кога ќе се преселат. Анастасија планира да биде во Шпанија, Вељко е во Тител, но сестра ми, синот и снаата се секогаш тука кога сакам, ќе бидат тука за мене и покрај мене – изјави Цеца за Блиц.рс
– Ќе бидат во сосема мирна област, имаат прекрасна тераса.Тоа е сосема затскриена куќа, а веднаш зад плацот е шума. Мир, слушаш само чврчорење на птиците. Се сеќавам кога дојдовме во вилата…Се преселивме овде, беше месец јули, цела ноќ бучеа со мотори, ми пуштаа мои песни… лудо стануваше! И му велам на Жељко дека мислам дека нема да можам да живеам во оваа куќа, а тој ми вели: „Ќе се навикнеш!“ И сега не слушам ништо. Кога ќе легнам да спијам, спијам како да сум на најмирно и најтивко место, зборуваше Цеца за времето кога таа се вдоми на Дедиње.
фото:Instagram printscreeen/cecaraznatovic