Во конкуренција од селектирани 61 бендови, Conspiracy го освои првото место според гласовите на публиката! Заедно со уште 8 бендови (вкупно 9 во проширен состав според одлука на организаторот), Conspiracy на 19 април 2026 ќе настапи во финалето во Загреб каде што жири комисија ќе избере само еден бенд којшто ќе настапи на големиот Wacken Open Air фестивал во Германија како претставник од Балканот. Кој бенд и да биде избран ова е успех за почит!
RESPECT!!! Уживајте во моментите, уживајте во сегашноста, отсвирите најдобро што можете во Загреб, искрено, од дното на душата, без било какви очекувања, па што ќе биде, нека биде. Среќно во Загреб!
Инаку, Wacken Open Air е еден од најпознатите метал фестивали во светот, кој секоја година собира десетици илјади љубители на тешката музика од целиот свет. Настап на оваа сцена претставува големо признание и можност за меѓународна промоција на бендовите.







