Македонската водителка Ирена Спировска го прослави својот 51-ти роденден во Грција, а доказ за тоа се фотографиите кои ги објави на социјалната мрежа Инстаграм.
За својот роденден Ирена направила летна фотосесија покрај рози и за оваа пригода ја сподели со нејзините следбеници и им кажа добредојде на годните.
Таа еднаш напиша дека кога си роден во јуни, и кога си Рак во хороскоп, неизбежно е да го сакаш морето па затоа секоја година на нејзиниот посебен ден таа ужива на плажата, а овој пат изборот падна на грчкиот остров, Скијатос.
Кратките приказни на водителката за роденденскиот повод се наполнија со честитки од нејзините најблиски, а ја сподели и честитката од нејзината сестра Јелена за која многумина тврдат дека премногу си личат.
Инаку, Ирена Спировска веќе долго време важи за една од најистакнатите и најпознатите водителки во Македонија, а во медиумите, таа успеа да изгради успешна и професионална кариера.
фото: printscreen/instagram