Александра Спировска, новинарката од МТВ изминатиот викенд, поточно на 22-ри (сабота) се омажи по третпат.
Таа му кажа „да“ на помладиот избраник, кошаркарот Милан Димитриески од КК Феникс со кого се сврши кон крајот на 2022 година.
По две години од свршувачката, вљубената двојка се вети и пред Бога, а следеше и свадба голема од која невестата приложи доста фотографии на социјалните мрежи.
Александра се одлучила за тесна венчаница од тантела која ја оцрта нејзината вита става, додека младоженецот во црно-бела класика од црн костум, бела кошула и пеперушка.
За да биде послободна, а и поинтересна, повпечатвива, атрактивната росокоса смени и втор стајлинг, овој пат со панталони и корсет во минималистичко црно-бело издание.
Инаку,Спировска е мајка на три деца Миа (25), Каја (17) кои ги има од првиот брак со музичарот Никола Перевски-Пере (Нокаут) и синчето Вилен(7) од вториот брак.
Александра своеремето во една прилика изјави дека секој потег во животот го прави искрено и од срце, а таква е и во љубовта. По два неуспешни брака, повторно љуби, а за тазе сопругот Милан напиша дека е нејзиното засекогаш!
Епа, нека е со среќа која трае!
фото: Facebook/ Александра Спировска