Македонскиот пејач и натпреварувач во популарното регионално музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“, Александар Темелков, повторно го привлече вниманието на јавноста, но овојпат со вест надвор од естрадната сцена.

Имено, македонската „Гранд ѕвезда“ го растури бракот со својата сопруга Сара! Со неа стапи во брак во јануари 2024 година, откако ја ожени бремена и тоа како малолетна 16-годишна девојка. Веднаш потоа тие станаа и родители, кога на свет дојде нивното синче Мите.

Во јуни минатата 2025 година Сара го славеше својот 18-ти роденден и тие се пофалија дека сега мајката на неговото дете станала полнолетна и дека заедно го чуваат нивното синче.

Неполна година подоцна, пристигнува и шокантната вест дека Александар Темелков се разведува! Тој и самиот оваа чудна одлука ја објави на своите профили на социјалните мрежи, каде напиша:

„Драги мои фанови, почитувана јавност ве известувам дека јас и мојата сопруга одлучивме да се разведеме. Едноставно – различни карактери. Но ќе останеме во добри односи заради нашиот син Мите“!

Инаку, на пејачот како што споменавме погоре, не му е прв пат да ја шокира јавноста, која како и жирито, најпрвин ја воодушеви со својот настап во „Ѕвездите на Гранд“ каде Александар неколку сезони се натпреваруваше. Сепак повеќе остана запаметен по неговото демонстративно напуштање на ова шоу, што го направи во оној момент кога мислеше дека жири комисијата неправедно го остави без гласови.

Александар Темелков тогаш ја обвини својата менторка Вики Миљковиќ дека му барала мито од 20 илјади евра за да продолжи во натпреварот, а ваквата негова изјава се прошири низ регионот, па стигна и до Миљковиќ.
Таа преку соопштение објавено на Инстаграм од Темелков побара јавно извинување, а воедно ми испрати и опомена пред тужба во која стоеше дека ако не и се извини и не бидат повлечени клеветите изречени против неа, ќе биде принудена да бара 200.000 евра отштета од Темелков.

На Темелков не му требаше многу време за да делува и прати реакција преку Инстаграм, особено до Вики Миљковиќ во која стои дека и се извинува за тоа што бил погрешно разбран во неговата изјава.
Фото и видео: Инстаграм и Фејсбук/aleksandar.temelkov_official




