На најпопуларната водителка и инфлуенсерка Лила Филиповска, од уживање и патување никогаш доста, па на свои 54 години апсолутно знае што сака и што и прави мерак, а тоа е ако може постојано да биде на патување и во истражувачка акција.
Веројатно ниту самата не знaе колку дестинации досега посетила во животот, но она што сигурно го знае се оние места каде досега не била, а стојат во нејзината план агенда за пат околу светот.

Секогаш со предизвик пред себе, нова дестинација и желба за уживање и релаксација.
А како што вели таа, ако ја прашаат која е најважната книга која и го промени животот, ќе каже едно: „мојот пасош“.
Овој пат во најважната „книга“ испишува нова авантура и тоа повторно од Бодрум – Турција откако пред само неколку дена се врати од Америка.

Летото може да започне, зашто во Турција е веќе потопло, а Лила го облече црниот бикини костим за капење и легна на плажа да позира.

Велат дека месец јуни и месец септември се најубавите за одмор во Турција, а Лила како таква со огромен багаж туристичко искуство, несомнено знае да го избере најдоброто.

Глава горе, гради полни морски воздух, а во мир, тишина и се’ она што ти го сака душата, а го пружа и хотелскиот луксуз, тогаш поубаво не може да биде, и да ова е само старт за Лила!
фото:Instagram printscreen/lilafilipovskа




