Радио Милева уште еден трофеј е наш

Македонска музичка доминација во регионот: Давид Грујевски е новата „Хајп Ѕвезда“ со награда од 50.000 евра

Македонска музичка доминација во регионот: Давид Грујевски е новата „Хајп Ѕвезда“ со награда од 50.000 евра

Македонскиот музички талент Давид Грујевски (25) од Тетово е официјалниот победник на првата сезона на големото регионално музичко шоу „Хајп Ѕвезди“ (Hype Zvezde)!

Во супер-возбудливото финале кое се емитуваше во живо на 28 јуни, Давид успеа да ги освои срцата на милионскиот аудиториум ширум Балканот и со убедливи СМС гласови да ја однесе главната награда дома.

Третото место 20.000 евра го освои Слободанка Танева, која освои висок пласман со вкупно 12 бода.

Награда од жири 10.000 евра и’ припадна на Сања Тодоровиќ, која се пласираше веднаш зад неа со освоени 10 бода, а со тоа Македонците остварија максимална доминација од натпреварот.

Давид во финалето настапи под реден број 16. На сцената донесе неверојатна емоција преку изведбата на култната „Боже чувај ја од зло“ од Тоше Проески, по што ја крена публиката на нозе со моќната интерпретација на македонската народна песна „Море сокол пие“. Жирито, предводено од Аца Лукас, не ги штедеше пофалните зборови, нарекувајќи го Грујевски комплетен шоумен подготвен за големата сцена.Покрај престижната титула, Давид си замина дома со главната парична награда од 50.000 евра обезбедена од „Хајп продукција“, како и договор за албум и целосен менаџмент.

Македонија имаше силно претставништво меѓу 20-те најдобри финалисти на Балканот.

Доминираше во текот на целата сезона со поп-рок и фолк изведби (Парни Ваљак, Здравко Чолиќ). Во финалето ги спои емоцијата за Тоше и македонскиот мелос, што му донесе десетици илјади СМС гласови.

Веднаш по прогласувањето на победата во живо на Телевизија Хајп, во супер-емотивна атмосфера со солзи радосници и кренат победнички пехар, Давид Грујевски ги сподели своите први импресии за медиумите и публиката.

„Сè уште не ми се верува, ова е како сон!“ – беа првите зборови на Давид додека го држеше пехарот.

Тој призна дека конкуренцијата во финалето била огромна и дека до последен момент не знаел кој ќе победи.

„Сакам јавно да и се заблагодарам на мојата Македонија, на моето Јегуновце и Тетово, но и на сите луѓе од Балканот кои гласаа за мене. Оваа победа не е само моја, ова е победа за сите нас што верувавме.“, кажа Давид.

Со ова финале, Македонија испиша голем успех на првата сезона од „Hype Zvezde“, освојувајќи ги првите три места во конкуренција на таленти од целиот регион. Победата на Давид Грујевски, како и одличниот пласман на Слободанка Танева и Сања Тодоровиќ, претставуваат уште една потврда за квалитетот и музичкиот талент што го имаат македонските изведувачи.

фото:You tube printscreen/HYPE ZVEZDE and HYPE TV/Chat Gpt

To top