Откако ја освои втората сезона од реалното шоу „Задруга“, Луна Ѓогани одлучи да ги инвестира парите што ги заработи во музичка кариера.
По тој повод, таа отпатува во Македонија, каде што работеше на својата прва песна.
Изненадувањето дојде кога беше откриено дека за соработката ја ангажирала Ивана Питерс, една од најпочитуваните вокалистки на српската сцена. Ивана ѝ помогнала со пеењето и ги снимила придружните вокали, за песната да звучи што е можно подобро.

Оваа соработка предизвика различни реакции во јавноста, но се знае дека услугите на Ивана се барани и дека таа има долгогодишно искуство во работа со многу изведувачи.
Според медиумите, Луна издвоила околу 10.000 евра за овој ангажман.
За време на гостувањето во утринската програма на Радио С, на Ивана ѝ беше поставено многу незгодно прашање, имено дали се кае за соработката со Ѓогани.
На свој професионален начин, поп-пејачката откри дека тоа го гледала само како работа.
– Не, само работев. Како и многу луѓе – искрено одговори Ивана, покажувајќи дека тоа го гледа исклучиво како професионален ангажман.
фото: Instagram printscreen/ luna_djogani






