Радио Милева убаво на душа

Лозано почна да попушта, малку по малку и ќе го видиме наследникот Марко целосно

Лозано почна да попушта, малку по малку и ќе го видиме наследникот Марко целосно

Не за џабе рекле, „никогаш не вели никогаш“, зашто она што ти го носи животот, дава и нови видици, предизвици, искуства… Еден таков животен  циклус на промени е добивањето дете и почетокот на тоа да наследниците  бидат центарот на нашиот универзум.

Комплетно заштитнички настроени, ама и преплавени од неопислива љубов каква ниедна друга претходно. Љубов која најчесто сакаш да се гледа, да биде видена… е тогаш можби се случуваат и отстапките од она што си го правел или кажал некогаш.

Влатко Лозаноски стана татко минатиот октомври, а се’ до скоро тој ја креше од јавноста убавата вест.  Арно ама кога синчето Марко е во паршање, Лозано почна да попушта.

Неодамна го видевме како во рацете го држи синчето и го покажа јавно, а сега како минуваат деновите, тато Влатко малку по малку почна да дозволува јавноста да ѕирне во приватноста и делумно да го види „шмекерот“ Марко.

Овој пат Лозано го поведе и малиот на настан во соседството, „Краљевски оскар“, каде ја доби наградата „поп изведувач на годината од Македонија“.

Чувството на убаво на душа беше уште послатко затоа што таму беше и синчето, па тато Лозано со една фотографија од ноџињата на бебенцето, откри дека денот бил уште поубав со него.

Инаку, Лозано неодамна наполни 40 години. Тој се уште не открил која е партнерката што му роди дете.

фото:Instagram printscreen/vlatkolozanoski

To top