Откако се омажи и влета во вториот брак и отвори својата модна линија, набрзина создадвајќи свој препознатлив моден бренд, многумина помислија дека Љупка Митрова решила да се смири кога е во прашање нејзиниот начин на живот и забава. Арно ама, атрактивната струмичанка очигледно од она што си го зацртала никако не отстапува. Така на долгата низа безбројни патувања на егзотични дестинации, луксузните уживања, необичните тури и возбудливите авантури деновиве додаде уште една.

Дестинацијата оддамна прогласена за една од најбожествени на светот, како што се вели за чудесниот грчки остров Санторини, каде летувањето воопшто не е за сечиј џеб. Арно ама, за Љупка ова е „мачкина кашлица“, зашто кај неа важи правилото: што полуксузно и поскапо – тоа подобро и попримамливо. „Се има, се може“, па тогаш зошто да не може?

Но кога сме кај навиките, особено оние летните на сопственичката на новиот моден бренд, кај Љупка Митрова луксузот како по правило оди во пакет со доза телесната голотија! Хедонизмот и гастрономијата сосе сите останати морски уживања атрактивната струмичанка знае да ги зачини со возбудливи еротски моменти.

Впрочем, оддамнае е познато дека Љупка не се срами да го покаже најдоброто од себе, особено кога за тоа има прилика, а па така целиот свој телесен раскош речиси секогаш го прикажува во натурална понуда… Дали е на некоја осамена плажа, хотелска тераса или глисер, сеедно… Важно е да го исонча безбедно она што и е неопходно.

И ако досега сексапилната струмичанка најчесто ја гледавме топлес, сега Љупка покажа малку поинаква навика… Зошто само топлес, кога може смело селфи, на „пиштол голо“ цело тело?

Испружена на меката софа – лежалка како од мајка родена, ја распослала сета своја раскошна телесна убавина, додека е загледана во морската панорама на прекрасниот сончев залив. Таа со поглед на Санторини „од милион долари“, а вие со поглед на пиштол голата струмичка убавица и нејзините раскошни облини, сликана како за насловница на еротските магазини!

Чашата сортно бело вино сервирана на необично место… Но, само еден среќник може да наздрави, а вие…?!

Вам само ви останува да ги отворите сопствени врати на имагинација и да си замислите доколку сте на негово место, од која страна би и пришле? Однапред или одзади? За да се послужите и да и наздравите со виното, секако!
Фото: Инстаграм/ljupka_mitrova






