Радио Милева нејзиниот „панцир“

Лила слави голем ден – на Филип роденден: „И целиот свет да е против мене… најважно е што те имам тебе“

Лила слави голем ден – на Филип роденден: „И целиот свет да е против мене… најважно е што те имам тебе“

Вчера (24.09) за познатата ТВ водителка и инфлуенсерка Лила Филиповска беше голем ден, на нејзиниот син Филип роденден.

Филип наполни 31 година, а Лила му го честиташе роденденот со старата видео снимка од ланската роденденска забава, но поткрепено со искрената и топла мајчинска мисла кој течеше незапирливо како река, секогаш инспиративна од истата најсилна љубов преточена во зборови:

„И целиот свет да е против мене… најважно е што те имам ТЕБЕ. Денес е роденден на најважниот човек во мојот живот – Филип. Безусловна љубов, поддршка и среќа. Да си здрав, жив, секогаш весел и насмеан и секогаш да си моја гордост како и до сега… Те сака твоја Лики“ – напиша мама.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lila (@lilafilipovska)

Мама е позната, па оттука роденденските честитки не поминуваат со стотина, туку илјадници со добра мисла и желби за се’ најдобро.

Филип Филиповски за разлика од неговата мајка не е јавна личност, но покрај неа речиси и да нема кој не го познава.

Лила не ретко знае да каже дека нејзиниот син израсна во самостоен и добар човек кој не и задава многу главоболки. Тој во 2016 година ја направи мама горда кога дипломираше на факултетот за туризам и менаџмент во Скопје.

фото:Instagram printscreen/ lilafilipovska

 

To top