Радио Милева интересен „детаљ“на главата 

Лила Филиповска се најде во небрано на отворено: „Кога нема чадор… “ – има друга опција (фото)

Лила Филиповска  се најде во небрано на отворено:  „Кога нема чадор… “ – има друга опција  (фото)

Лила Филиповска е активна на социјалната мрежа Инстаграм каде споделува моменти од приватниот живот, патувањата и  работата, а со тоа привлекува внимание кај сите кои ја следат.

Водителката  без сомнение обожава да се фотографира, па е подготвена  во било кој момент  од денот да застане пред камерата, но и да се снајде ако случајно се затече  во незгодно,  како и овој пат.

Имено, деновиве времето е непредвидливо, ту врне ту не врне, па токму поради тоа Лила се најде во небрано на отворено.

Водителката додаде  еден интересен детаљ на главата и докажа дека не му се плаши на дождот.

Можеби во живо случајните минувачи баш и не ја препознаа, но затоа Лила сподели пред јавноста, дека навистина  била таа.

Ако  имаше и такви кои  не беа сигурни,  потврдата стигна на кратката приказна, јасно и гласно лично од Лила, со фотографија на која покажа што направила, за да се заштите и кога  ќе ви заврне,  а чадор со себе не носите.

Имиџот дури и на врнежлив ден не смее да трпи, па затоа Лила, за секој случај се обиде колку – толку да се заштити со кеса која за среќа не беше хартиена, туку пластична.

Лила додаде и  емотикон кој плаче од смеење со кој навистина  успеа да ги насмее и нејзините следбеници, кои веројатно  ја преплавиле со реакции.

фото: print Screen/Instagram/lilafilipovska

To top