Радио Милева за неа шоуто продолжува, но не и за нив

Лепа Брена потврди дека по 16 години си кажаа крај со бендот кој ја придружуваше на сцена – еве што кажа…

Лепа Брена потврди дека по 16 години си кажаа крај со бендот кој ја придружуваше на сцена – еве што кажа…

Во медиумите вчера неофицијално излезе вест дека балканската музичка ѕвезда Лепа Брена ја прекинува 16 годишната соработка со свои долгогодишни соработници, односно членови на бендот. За да се стави крај на шпекулациите се огласи и самата таа со што потврди дека ова е точно и дека дошло време за крај на досегашната работа, а место им отстапува на нови музичари.

– Сите знаете дека ја започнав мојата кариера со „Слатки грех“, а потоа, по девет години фантастична соработка, дојде време за промена. Затоа, сега е време да се разделам со бендот со кој работев 16 години. Понекогаш, новите визии и успеси бараат промени. Морам да нагласам дека се разделивме во убава атмосфера. Едноставно дојде време за промени, како во мојата, така и во нивната кариера. Новиот бенд е подготвен за настапи и концерти и се радувам што наскоро ќе ви покажеме сè на што работевме. Нè очекуваат големи работи како што мојата публика е и навикната од мене“, изјавила Брена за српските медиуми.

„Би ставила поголем акцент на фактот дека одржавме одлични концерти во Загреб и уште еднаш приредивме незаборавен спектакл. Горда сум на целиот мој тим. Бендот, продукцијата, дизајнерите, тимот за убавина, танчарите и сите што ни овозможија да имаме пет фантастични концерти во Арена Загреб, а на 23.10.2026 нè очекува шестиот концерт во Загреб и секако ќе има уште многу одлични настапи и концерти. Шоуто мора да продолжи!“, рекла пејачката.

фото: Instagram printscreen/lepabrenaa

To top