Радио Милева нека удри најјако

Конга мајсторот Бока Конга стана татко: „Господ да ви го даде истото чувство“ (фото)

Конга мајсторот Бока Конга стана татко: „Господ да ви го даде истото чувство“ (фото)

Македонскиот музичар, Бојан Стојанов, познат како мајсторот за конги Бока Конга, вчера (02.12) стана татко.

Бока и неговата девојка Маја го добија највозвиженото чувство – станаа родители на прво, па машко бебе.

Гордиот татко на своите профили од социјалните мрежи се пофали за најубавата животна улога, а во прилог на среќна вест сподели фотографија од саканата во породилиште, но приватната, односно најубавата глетка ја покри со срце и ја зачува само за најблиските.

„Господ да ви даде исто чувство како на нас денеска, станавме родители“, напиша тој.

Бока Конга важи за еден од најбараните музичари на свадбени веселби, особено популарен кај припадничките на понежниот пол. Македонската естрада не ретко знае да го покани да биде дел од нивните спотови и музички проекти.

Инаку, избраничката и тазе мајка, Маја Велиличковска работи како зумба фитнес инструктор, а изминатото лето двојката обзнани дека ќе станат родители.

Честитки!

фото:Instagram printscreen/ bokaconga

To top