Нивес Целзиус се одмора во Обединетите Арапски Емирати, а вниманието го привлече со фотографии во издание на кое јавноста не е навикната.
Имено, Нивес моментално престојува во Абу Даби, каде решила да посети џамија и се фотографирала со марама.
Иако јавноста често ја гледа на атрактивни и разголени фотографии, таа сега ги изненади сите носејќи облека која и го покрива целото тело.
Таа на Инстаграм објави серија фотографии направени во харем и накратко напиша: „Неописливо“.
Нејзината објава го привлече вниманието на корисниците на социјалните мрежи кои не штедеа комплименти.
„Убава“, „Чудно е да те гледам во таков аутфит, но сепак си убава“, „На згодна жена сè и стои добро“, „Оваа облека одлично ти стои! Ти си најубава“, се некои на коментарите.
Инаку, Нивес пред посетата на Абу Даби уживала во убавините на Дубаи.
фото:Instagram printscreen/ nivescelsius