Додека некои парови секојдневно се препуштаат на страстите, дури и по долги години брак, има и такви кои живеат речиси како пријатели. Но,која е нормалната бројка?
Во одредени моменти, сите парови се прашуваат дали имаат доволно или, во некои случаи, премногу интимност или колку е нормално да се препуштат на страстите.
Иако не постои дефинитивен и несомнено точен одговор на ова прашање, сексуалните терапевти честопати се осврнувале на оваа тема.
– Отсекогаш сум велел дека нема еден точен одговор – забележува д-р Иан Кернер.
Кога паровите ќе престанат да имаат секс, тие се повеќе склони кон гнев, разделба, неверство и на крајот на краиштата, развод, пишува медицинската платформа Healthline. На сексуалниот живот на парот влијаат повеќе фактори, од кои некои се возраста, начинот на живот, здравјето на партнерот, природното либидо, квалитетот на нивната врска…
Сепак, постојат одредени податоци за тоа колкав е просекот, а д-р Дејвид Шнарх, преку истражување користејќи податоци од повеќе од 20.000 парови, открил дека само 26% од нив имаат интимни односи еднаш неделно. Утврдено е дека повеќето луѓе уживаат во сексот еднаш или двапати месечно.
Студијата објавена пред десет години во The University of Chicago Press покажала дека брачните парови имаат секс околу седум пати месечно, или помалку од двапати неделно. И трето истражување, за кое експертите разговарале со 16.000 возрасни, покажа дека постарите луѓе имаат секс 2-3 пати месечно, а помладите околу еднаш неделно.
Дали е проблем бракот со недоволно секс?
Повеќето сексуални терапевти се согласуваат дека бракот во кој сексуален однос има помалку од 10 пати годишно може да се смета за врска без секс.
Сепак, тоа не значи дека сте во неволја, вели д-р Шнарх.
Иако сексот може да биде начин паровите обично да изразат љубов и наклонетост, недостатокот на интимност не значи дека сте на пат кон раскинување. Сепак, тоа е нешто што треба да се реши.
– Верувам дека сексот е важен. Лепакот е тој што нè држи заедно, а без него паровите, во најдобар случај, стануваат добри пријатели или, во најлош случај, скарани цимери – вели д-р Кернер.
Извор: Попара