Пејачката Антониа Гиговска пред година и два месеци се оствари како мајка и на свет го донесе своето прво синче кое го носи името Киан. Оттогаш, Киан е центарот на нејзиниот свет, музиката на нејзината душа.
Антониа не ретко знае да изјави дека мајчинството ја променило доста, но кога е приватноста и родителството во прашање Антотниа се опушти да споделува моменти со наследникот и да го покаже дури за неговиот роденден кој беше во месец јули.
Сега мама Тониа се претстави себе си, па и Киан во едно поинакво светло, природно и опуштено во домашно издание.
Таа по пижами и без шминка, а тој под полна пареа за динамична игра низ домот.
Овој пат, Антониа откри дека Киан е инаетливо детенце, а исто и дека не сака да носи ништо на главата како очила и капа.
Овие приватни моменти наидоа на позитивни реакции од следбениците кои беа изненадени што Антониа дозволи да ѕирнат во позитивниот хаос од нејзиниот дом за кој главен мајстор е Киан.
фото:Instagram printscreen/ antoniagigovskaa