Поранешната членка на бендот „Hurricane“ (Ураган) и ќерка на пејачот Ненад Кнежевиќ Кнез, Ксенија, објави дека е во блажена состојба.
Имено, веста за бременоста ги изненади и самата Ксенија и нејзиниот партнер Никола, а сега се огласи и Кнез. Тој не го криеше своето задоволство од фактот дека наскоро ќе стане дедо.
– Така ќе станам дедо. Сите сме многу среќни. Направивме фантастичен ручек за да ја прославиме веста. Инаку, Ксенија не сакаше ништо да ни каже додека не ги заврши сите прегледи и не потврди сè и не беше сто проценти сигурна – започна Ненад Кнежевиќ Кнез.

– Сега полека се подготвуваме за тој ден, ако сè оди добро, закажаниот термин е во август. Сега е петти месец, а досега молчеше за јавноста. Не сакаше таа приказна да се прошири, но сега ја кажа. И сè уште не можам да верувам дека ќе станам дедо. Веќе сите испраќаме предлози за името на бебето, испраќаме и машко и женско, па кога ќе го дознае полот, сама ќе го избере. Значи, договорот е дека за првото дете, Ксенија одлучува за името на бебето.

– Ви благодарам многу, се чувствувам одлично. Забременив. Јас и мојот партнер сме среќни. Ова е веќе петти месец во тек. Не го криевме тоа, само не зборувавме за се’ – рече Ксенија, а потоа додаде:
– Не чувствував мачнина, морам да се пофалам. Ја толерирам бременоста многу добро – рече идната мајка.
фото:Instagram printscreen/ksenija.knezevicstar/kneznenad






