Пејачката Каролина Гочева и уметникот Михаил Корубин се впуштија во ново и досега неискусено патување со едно поинакво доживување од далечниот Катар.

Каролина како и секогаш преферира да го зборати својот профил на Инстаграм со се’ она што досега го видела и документирала од своите патувања, па така беше и сега, еден месец подоцна, откако слегнаа импресиите и се избраа фотографиите.

Брачните сопружници предку една богата фото-галерија се потрудја делумно да покажат како го минуваа времето.

Ресторани, прошетки низ главниот град Доха, пустинските доживувања и секако посета на разни културни знаменитости и изложби.

Во ресторан или на песок, Каролина остана стилски верна на она што е. Тренди, модерна и впечатлива со својот минимализам.

Па така, дури и кога нема стилист заедно со неа, таа умее да ги спои беспрекорните модни комбинации со кои ги воодушви следбениците кои го погледнаа приложеното.

Елеганција или лежерност, понекогаш и во спој, Керол едноставнно секогаш модно е на врвот.
фото:Instagram printscreen/karolinagocheva







