Јелена Карлеуша се појави во емисија откако потпиша документи за заеднички развод од Душко Тошиќ.
Пејачката со водителката разговарала на различни теми, а во еден момент ја спомена и нејзината долгогодишна ривалка Цеце Ражнатовиќ.
Пред неколку дена на социјалните мрежи настана хаос поради гостувањето на Милица Павловиќ во емисијата на Ражнатовиќ.
И додека повеќето мислеа дека потегот на пејачката е сосема нормален, жестоките обожаватели на Јелена Карлеуша сметаа дека тоа е погрешно поради нејзиното пријателство со поп дивата.
Јелена истакна дека нема ништо против, а гостувањето на Милица и е одлична идеја.
– Милица ми спомна, ми кажа дека и се јавиле. Реков дека е одлична идеја. Ако ме поканеше Цеца во емисија, ќе одев. Би сакала да ја гледам пред камера, мислам дека не е таа…
– Опасна е само надвор од камерите, пред камери јас сум поопасна – изјавила Јелена за „Курир“.
Карлеуша при гостувањето го спомена и Саша Поповиќ.
Откако го напушти местото како член на жирито на натпреварот „Ѕвезде Гранда“, пејачката не остана во добри односи со Поповиќ.
Сепак, како што истакна таа е во контакт со неговата сопруга Сузана.
– Слушнав дека Сале не е добар. И испратив порака на Сузана дека во секој момент може да смета на мојата поддршка и помош, без разлика што морав да ги прекинам неговите напади на различни начини на разни емисии. Морам да бидам некој што простува, бидејќи нема кој не ми згрешил и што не се покајал поради тоа, затоа што никогаш никому не сум направил ништо лошо. Кога станува збор за Саша Поповиќ, ќе се сеќавам само на добрите работи што ми ги направи – изјави Јелена Карлеуша во емисијата „Пулс Србија“ на ТВ Курир.
фото:You Tube printscreen/ Kurir/ Instagram printscreen/ cecaraznatovic