Анастасија Ражнатовиќ, ќерката на балканската ѕвезда Цеца Ражнатовиќ, веќе некое време живее во Севиља, каде што ужива во бракот со фудбалерот Немања Гудељ. Иако се повлече од домашните медиуми, младата пејачка гради живот и кариера во странство.
Многумина не знаат дека Анастасија, освен што е музички талент, е и образована млада жена. Таа посетувала британско училиште во Белград, а образованието го продолжила на Кипар, по што после тоа се запишала на Бизнис школата во Белград.
– Понекогаш некој ќе ме искритикува што не објавувам фотографии од факултет на социјалните мрежи, туку само дневни комбинации за облека или снимки од ноќни излегувања.
– Тоа е така затоа што кога сум на факултет, сум фокусирана на предавања, а не на телефон – рече еднаш Анастасија.
Семејството Гудељ неодамна ја одбележа славата, Денот на Ѓурѓовден, и организираше свечена забава во семејниот дом во Севиља.
Вељко цело време ја прегрнувал Богдана околу половината, а подоцна танцувал со својот зет Немања, додека Богдана танцувала со Анастасија, која носела долг фустан со ниско деколте, преку кој носела тексас јакна.
foto:printscreen/instgaram