Корнфлексот одлично се комбинира со месо, риба, брокула.
Најпрво сомелете го корнфлексот во блендер. Можете да испржите пилешко и свинско месо, риба, преработени сирења, карфиол и брокула со корнфлекс.
Потопете ги состојките во брашно, јајца и презла, па валкајте ги во корнфлекс.
Во корнфлексот можете да додадете и сусам или за смесата да биде погуста да додадете презла, брашно и јајца. Пржете на висока маснотија додека не се формира златна кора, а потоа извадете ја и исцедете на кујнска крпа.
Извор: Попара