Фолкерот Дарко Лазиќ и неговата сопруга Катарина наскоро ќе станат родители на девојче.
Катарина е веќе осми месец бремена и на Инстаграм редовно споделува моменти од семејниот живот.
Сепак, никој не очекуваше ваква објава од неа.
– Бебе Д кога се запознавме – напиша Катарина која ја држеше фотографијата на Дарко, а во кадарот беше и нејзиниот труднички стомак и додаде:
– Неговото бебе 15 години подоцна.
Инаку, врската на Дарко и Катарина трае веќе 15 години со прекини. Двајцата се запознале во 2009 година и веднаш се заљубиле. Иако и двајцата беа во врски и бракови, нивната љубов преживеа.
Фото: Print Screen/ Instgaram/katarinalazic_24