Радио Милева емотивни моменти

Јована Јеремиќ во солзи поради ќерката: „Што сѐ преживеавме?“

Јована Јеремиќ во солзи поради ќерката: „Што сѐ преживеавме?“

Водителката Јована Јеремиќ сподели со своите следбеници еден од најемотивните моменти оваа година, кога пристигна ученичката книшка на нејзината ќерка Леа.

Јована преку Инстаграм сподели објава со ќерката Леа, а повод за солзите радосници беше завршувањето на прво одделение. Таа не криеше колку е горда на неа.

Водителката објави фотографија на која ја прегрнува наследничката, додека не ги крие емоциите, а покрај тоа ја покажа и книшката на Леа, истакнувајќи колку е среќна поради нејзиниот успех во текот на првата година од школувањето.

 

Водителката покрај објавата напиша емотивна порака во која се осврна на сите предизвици низ кои поминале заедно.

„Ова се моите солзи радосници поради сѐ што победивме и колку се боревме да препливаме до подобриот и посончев брег на животот. Што сѐ и какви сѐ ликови преживеавме и победивме на нашиот пат на исправното и доброто. Кога ќерка ми ме прашува дали постои Дедо Мраз, јас секогаш ѝ велам: ‘Во какви сѐ луѓе верувавме, зошто да не веруваме во Дедо Мраз?’. Доброто секогаш го победува лукавото, пресметаното и поквареното. Ти благодарам што ме избра да ти бидам мајка. Ти благодарам што си моја гордост“, напиша Јована.

фото:Instagram printscreen/jeremicjovana

To top