Радио Милева Безобразно селфи

Јована Јеремиќ ужива на плажа: По компликациите од операцијата, водителката повторно во костим за капење

Јована Јеремиќ ужива на плажа: По компликациите од операцијата, водителката повторно во костим за капење

Водителката Јована Јеремиќ отпатува на летување во Црна Гора со својот партнер Милош Стојановиќ Тигар, од каде што се огласи со фотографии од плажа.

Јована позира на лежалка во бел костим за капење, додека во преден план e нејзиниот нов изглед по неодамнешната естетска интервенција. Додека лежела, направила „безобразно“ селфи, а кадарот од долен агол особено го истакна нејзиниот нов изглед.

На фотографијата покрај неа е и нејзиниот партнер Милош, а водителката во објавата кратко порача: „Бакнувај без пардон“.

Овој одмор следеше набргу откако водителката отворено зборуваше за здравствените проблеми што ги имала по операцијата на градите. Јована призна дека не ги почитувала целосно советите од лекарите и дека поради прераното враќање на физичките активности имала компликации.

„Имам отворени рани. Направив грешка. Јас сум спортистка, не го послушав лекарот, повеќе шетав и раните ми се отворија“, открила неодамна во една емисија.

foto: printcreen/instagram/jeremicjovana

To top