Радио Милева амбиции

Јована Јеремиќ има големи планови за наследничката: „Леа од мене ќе добие два стана во Белград, еден од татко и, еден од тетка и“

Јована Јеремиќ има големи планови за наследничката: „Леа од мене ќе добие два стана во Белград, еден од татко и, еден од тетка и“

Водителката Јована Јеремиќ се соочила со големи семејни проблеми, но како што вели таа е вистински професионалец и јавноста никогаш нема да види дека ја мачат проблеми.

Таа во интервју за „Блиц“ проговори за нејзината наследничка Леа, на која ѝ претстојат големи работи, а нејзе глобална кариера и проширување на семејството.

Имено, како што објасни Јована, би сакала нејзината ќерка да има брат или сестра, но сѐ уште не е подготвена за тоа, а меѓу другото откри детали за иднината на Леа.

– Нема да ѝ треба тим бидејќи ме има мене. Некој секогаш мора да се жртвува во семејството, а во моето тоа сум јас. Нејзината почетна позиција е дека само нејзината мајка засега ќе има два стана во Белград, а замислете што ќе биде со недвижностите до крајот на животот. Еден стан од татко ѝ, друг од тетка ѝ. Да ја имав оваа почетна позиција да живеам во центарот на градот, со мајка ми најсилната водителка во Србија, знаете ли каде ќе бев? Мојата желба е да дипломира на Оксфорд и Кембриџ, но нема да ја задушам со моите амбиции. Таа е многу паметно дете, веќе зборува англиски, да е жива и здрава, а јас ќе ја поддржувам во сè. Немав поддршка од моите родители, не ме разбраа, бев апсолутно сама. Се школував, се борев и заработував. Исто така, ако не е квалитетна, ако безделничи, нема да добие ништо. Јас сум многу строга. Ако е лоша личност, нема да добие ништо – објаснила Јована.

фото: printsccreen/instgaram/jeremicjovana

To top