Српската естрада жали и е во шок по веста дека почина големиот директор и основач на „Гранд“ Саша Поповиќ.
Меѓу многуте познати и непознати имиња кои изразија жалење на социјалните мрежи, беше и поранешната соработничка на „Гранд“, односно на Саша Поповиќ, пејачката Јелена Карлеуша која на својот Фејсбук објави досега невидено заедничко видео.
Саша свири на клавир, а до него се ќерките на Карлеуша, Атина и Ника.
-Малку се луѓето за кои може да се каже дека биле и почеток и крај на цела ера.
Збогум, Сале… пишува Карлеуша која пред извесно време јавно откри дека слушнала за тоа што Поповиќ не е добар, па и понудила помош на Сузана.
-Кога станува збор за Саша Поповиќ, ќе се сеќавам само на добрите работи што ми ги направи – изјави Јелена Карлеуша во емисијата „Пулс Србија“ на ТВ Курир.
фото:Instagram printscreen/ zvezde granda/ karleusastar/Facebook/Jelena Karleusa