Сопругата на најдобриот тенисер на светот Новак Ѓоковиќ, Јелена Ѓоковиќ во неколку наврати покажа колку ја почитува својата свекрва Дијана Ѓоковиќ.
Имено, Јелена своевремено по големата победа на Ноле на „Австралија опен“ ја сподели фотографијата на Дијана и накратко напиша „Мајка“.
Од друга страна, Дијана еднаш призна дека целосно не се согласува со начинот на кој Новак и Јелена ги воспитуваат своите деца, но не се меша во тоа.
– За жал, ретко доаѓаат, создадоа свое семејство и оаза. Јелена прави одредени работи на свој начин. Тоа се случува, особено кога е во прашање исхраната, која јас не ја поддржувам – изјави еднаш Дијана.
– Секогаш кога има време се трудиме да се видиме, да одиме на езеро, да шетаме… Доаѓаат кај нас, за внуците да ја почувствуваат топлината на домот на нивните баби и дедовци. Тие ги сакаат моите познати палачинки. Секогаш слушаме: „Бабо, подготви ни палачинки!“, а потоа се натпреваруваме: „Кои ги сакаш, безглутенски или нормални?“, а Стефан вели: „Бабо, нормални, пушти ги безглутенските“ – откри еднаш со насмевка Дијана Ѓоковиќ во емисијата „Додека ангелите спијат“.
Дијана еднаш ја коментираше врската на нејзиниот син со Јелена.
– Како млад човек кој се занимава со тенис, немаше време за забава. Повеќе беше на пат отколку дома. Ја запознав девојката која беше одбојкарка од Краљево. Тогаш беа деца. Подоцна ја запознавме и Јелена, кога имаа 18 години, не мислев дека ќе се венчаат. Ама еве го поби моето мислење и се ожени со Јелена. Нормално и природно е што Јелена презеде некои работи“, откри мајката на Новак Ѓоковиќ во интервју за Јелена. По големите победи на Новак Ѓоковиќ, Дијана и Јелена често се најсреќни на прославите, а јавноста често има можност да ги види како се прегрнуваат, танцуваат и пеат, што доволно говори за љубовта и почитта што ја имаат едna кон другa.
Фото: printskrin/instagram/jelenaDjokovic/Twiter