Младата пејачка Ивона Јо беше гостинка во естрадниот магазин „Бекстејџ“ каде пред камера зборуваше за периодот низ кој помина од операцијата која ја имаше за да дојде до подобрата верзија од себе.
Ивона отворено и искрено проговори за сите предизвици, реакциите на околината, научените лекции…
Таа вели дека не може за другите да бидеш добар, ако најпрвин не си таков за себе. Исто така дека не почитува луѓе кои ги доживува како сончогледи, а за нив вели:

„ Не почитувам луѓе кои се вртат кон сонцето, како на нив им одговара. Кога им смета сонцето во очи се вртат на една страна, притоа јадејќи од таму и хранејќи се. Не сакам да наведувам примери, но дефинитивно има луѓе кои овие месеци ми покажаа дека се’ треба да потпишеш и дека за се’ треба договор.“
Професионално посветена и на нова песна за која снима и спот, а за истата вели дека може да ја опише како влезот во една темнина и излезот кон светлината.
Целото интервју и се’она што Ивона зборуваше можете да погледнете од видеото во продолжение:
фото:You Tube printscreen/Backstage Media







