Радио Милева други обврски

Измени во „Ѕвездите на Гранд“: По Снежана Ѓуришиќ, сега и Цеца доби замена (фото)

Измени во „Ѕвездите на Гранд“: По Снежана Ѓуришиќ, сега и Цеца доби замена (фото)

Откако на најновото снимање на „Ѕвезде Гранда“ Снежана Ѓуришиќ ја замени Драган Којиќ Кеба, во најгледаното шоу е направена уште една промена.

На денешниот сет не се појави ниту Цеца Ражнатовиќ, а наместо неа во судиското столче ќе седне нејзината колешка Сања Вучиќ.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Zvezde Granda (@zvezdegranda)

Како што дознава Гранд, Цеца нема да присуствува на само едно снимање на шоуто, а како замена испратила поранешен претставник на Евровизија.

Сања на „Гранд“ му посочила дека е многу среќна и дека ќе даде се’ од себе за да ја смени Цеца на вистински начин, а и повеќе од добро се снајде за време на снимањето.

Инаку, Сања минатата сезона ја замени и Марија Шерифовиќ.

– Подготвена сум да им судам на натпреварувачите, иако не ми е првпат во жирито, но дефинитивно е предизвик. Сигурно ќе се обидам вредно да оценувам и да бидам многу објективна. Се надевам дека ќе придонесам со моето мислење – изјави Сања за Гранд, а потоа се пошегува:

– Ова е само за потребите на оваа емисија, гледачите да не се грижат. Ќе видиме како ќе се снајдам!

Да потсетиме, Снежана Ѓуришиќ откри дека поради вечерашниот концерт во Сава центар нема да присуствува на снимањето.

– Поради тонот и кадрирањето, бидејќи концертот го снима РТС, морам порано да бидам овде. Па нема да одам на снимањето на „Ѕвезде Гранда“, Ме заменува Кеба – изјавила Снежана за „Гранд“ и открила кога ќе се врати во натпреварувањето:

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Zvezde Granda (@zvezdegranda)

– Но, задутре, дај Боже, ќе се вратам на работното место, тоа е моја работа. Не ми е тешко да пеам, најлесно ми е. Господ ми го даде тој талент, и навистина уживам, се друго е малку стресно, трчање, подготовка, одговорност, кажала Снежана.

фото:Instagram printscreen/ zvezdegranda/sanjalilwolf

To top