Радио Милева

Исплива фотографија на Драгана Мирковиќ и Тони Бијелиќ од младоста: Вака изгледаа на почетокот на љубовта (фото) 

Исплива фотографија на Драгана Мирковиќ и Тони Бијелиќ од младоста: Вака изгледаа на почетокот на љубовта (фото) 

Како што изјавија тамошните медиуми, пејачката Драгана Мирковиќ се разведува од Тони Бијелиќ.

Двојката се венча во 2001 година, а сега е време да стават точка на бракот и да продолжат сами низ животот.

Во времето на нивното запознавање, Драгана Мирковиќ беше најуспешната пејачка на Балканот, со милиони продадени албуми и рекордни регионални турнеи, додека Тони Бијелиќ беше амбициозен бизнисмен на почетокот на својата кариера.

Сепак, ниту финансиските, ниту просторните ниту статусните разлики не беа пречка музичката ѕвезда да остави се и да започне нов живот со него.

– Пресврт во мојот живот беше напуштањето на мојата земја, семејството, пријателите, обожавателите. Заминав со еден куфер и со единствената вредност што ја имав во тој момент, а тоа беше моето име и презиме и моите песни. Животот го започнав од нула, се преселив од прекрасна куќа во Белград во стан од 50 квадрати во Виена. Не ми пречеше, бидејќи знам што е љубов. Не можам да ви кажам дека ми беше лесно, без разлика што Виена е многу блиску и доаѓав често, тоа е огромна промена. Знаев и да плачам – открила еднаш Драгана.

Пејачката еднаш му ја честиташе годишнината од бракот на Тони и тоа јавно на својот Инстаграм профил. Таа сподели заедничка фотографија од нивната младост. Двојката потоа го нахранила гулабот, биле среќни и насмеани, а тој момент сакале да го зачуваат засекогаш.

фото: printskrin/instagram/draganamirkovic

To top