Новиот роман од Зоран Спасов-Ѕоф, „И јас сум Сирма“ ќе биде промовиран на 14 ноември во 20 часот, во Младинскиот културен центар (МКЦ) Скопје. Книгата, која е во издание на „Попули“, дел од „Арс Ламина – публикации“, ќе ја промовира професорката Татјана Алексиќ, а модераторка на настанот ќе биде уредничката Татјана Димовска-Атанасова. Гостинка во улога на Сирма ќе биде младата актерка Јована Спасиќ. По промоцијата, ќе има настап на на „Сирма рок’н’рол бенд“.
Досега ги има напишано: „Тито, мојот претпоследен херој“, „Торонто експрес“, „Џабе живиш у Скопје“ и „Цепај сине: пошто џабе живиш у Македонија“.