Македонскиот пејач, охриѓанецот Ѓоко Танески на 20 јули во својот роден Охрид, пред своите сограѓани и многубројните туристи, ќе одржи солистички концерт.
Концертот се случува по повод 30 години од неговата музичка кариера, а ќе се одржи во прекрасниот простор на Антички театар. На сцената ќе го придружува Битолскиот камерен оркестар, а гости ќе му бидат македонската пејачка легенда Драган Мијалковски и пијанистот, композитор и продуцент, Никола Мицевски.
Со овој концерт Танески конечно ќе си ја оствари желбата да има вистински солистички концерт во родниот Охрид. Вели дека 30 години го чекал ова, а сега сонот му станува јаве: „Дојде време да си го остварам детскиот сон“, задоволно порачува пејачот.
На концертот на 20 јули Танески ќе ги пее сите свои хитови: „Збогум најмила“, „Мој пријателе“, „Никогаш доста“, „Цветај расцветај“, како и евровизиската „Јас ја имам силата“, со која ја претставуваше Македонија на Евросонг во Осло во 2010 година. Покрај забавните песни, Танески ќе пее и некои староградски, охридско-трубадурски, како „Ти“ и „Една љубов имам“.
Концертот на Антички е со почеток во 21:00 часот.