Пејачката Гога Секулиќ го заврши својот одмор во Дубаи, кој го помина со својот син за време на неговиот роденден.
Таа се фотографираше во костим за капење и ги воодушеви обожавателите, кои под фотографиите на Инстаграм и оставија бројни комплименти.
Пејачката е позната по раскошното деколте, па привлекла многу воздишки на плажата во Дубаи, како и на базенот на луксузниот хотел во кој престојувала.
Секулиќ веќе продолжи да работи и продолжи со два настапи кои ги имаше закажано во Хрватска. На еден настан и гостуваше на Драгана Мирковиќ каде нејзините колеги ја воодушевија публиката.
Да потсетиме, на пејачката и беше тешко кога ја удри автомобил. Бидејќи во септември имаше сообраќајна несреќа, Гога сѐ уште ги чувствува последиците, па рече дека оди и на физикална терапија.
– Фала богу што сум жива, има последици, ми се повредени вратот и раката, но се трудам да извлечам максимум од физикалната терапија колку што можам.
фото: print Screen/Instagram