Ви подаруваме примероци од новата книга „Каде што почнува небото“ од Рис Боун, во издание на Матица Македонска (2025).
📖 Кратка содржина:
Од една од најпродаваните авторки на Њујорк тајмс – Рис Боун, Скици од Венеција и Детето од Тоскана, ни пристигна нов фасцинантен роман каде што иднината на една жена е определена од нејзините судбина и избор, триумфот и втората шанса за време на Втората светска војна. Лондон, 1940 година. Паѓаат бомби, а светот на Џози Бенкс се руши околу неа. Не може да го контактира својот заштитнички настроен сопруг, Стен, бидејќи е заминат со војската. Домот ѝ е сведeн на урнатини и пепел. Саканата сопственичка на чајџилницата, каде што работи Џози, загинува, а таа е повредена и нема каде да оди.
Ја евакуираат на село во Англија и завршува на имотот на аристократката Мис Харкорт, незгодна домаќинка на преживеаните во Блицот. Одушевена од прекрасните глетки на село, Џози гледа можност. Ја убедува Мис Харкорт да ѝ дозволи да отвори скромна чајџилница, гледајќи го тоа како шанса сите да почнат одново. Штом ќе го сретне Мајк Џонсон, згоден канадски пилот на служба во соседната авионска база, меѓу нив се јавува интимност која ѝ носи внатрешен мир што никогаш не го почуствувала. Но, Стен се враќа од војна. Опасноста што демне е поголема отколку што некој би можел да замисли. Опасна тајна се заканува повторно да го преврти животот на Џози. Нејзината нова храброст ќе биде ставена на тест, ако сака да исплива како спасеник, во триумф.

🏆 Награда:
Добитникот ќе добие една книга „Каде што почнува небото“ од Рис Боун, која може да ја подигне во книжарницата Матица Ексклузив, ул. Ѓуро Стругар бр. 13 (покрај Министерството за финансии).
Контакт телефони: 02/3226652 или 02/3221 138.
👉 Како да учествувате?
Лајкувајте ја фан страницата на Вистина: facebook.com/vistina.com.mk
-
Во коментар тагнете пријател/ка.
-
Споделете го овој пост на вашиот профил.
✅ Секој учесник може да остави повеќе коментари и да тагне повеќе пријатели (со тоа си ги зголемува шансите за добивка).
📌 Правила на игра:
-
Giveaway-от трае до 10.11.2025.
-
Добитникот ќе биде избран по случаен избор и ќе биде известен во порака од фан страната на Вистина.
-
Наградата не може да се заменува за пари или друг производ.
-
Секој добитник лично ја подига книгата во книжарницата Матица Ексклузив.







