Ви подаруваме примероци од новата книга, „ Слушни ме “ од Тес Геритсен во издание на Матица Македонска (2025).
📖 Кратка содржина:
Романот „ Слушни ме “ е тринаесеттото продолжение од легендарниот серијал за детективката Рицоли.
Бостонската детективка Џејн Рицоли и форензичкиот патолог Мора Ајлс истражуваат навидум случајно убиство. Софија Суарез, вдовица, медицинска сестра и омилена сосетка, е претепана до смрт во својот дом. Но, под мирната површина се крие врело со тајни. Џејн ја открива врската помеѓу Софија и неодамнешната жртва на невнимателен возач, што само ги разбранува матните води на случајот. Анџела Рицоли, мајката на Џејн, не пропушта ништо во своето мало соседство. Затоа не може да се воздржи од истрагата за исчезнувањето на нејзината сосетка тинејџерка и мора да открие какво необично семејство се доселило во соседството. Таа знае дека во нејзиното мирно маало не постојат случајности. Иако Џејн се обидува да ја смири, Анџела е убедена дека нејзината улица ја демне крволочен грабливец. Грабливец на кој таа ќе му застане на патот.

Награда:
Добитникот ќе добие една книга„ Слушни ме “ од Тес Геритсен , која може да ја подигне во книжарницата Матица Ексклузив, ул. Ѓуро Стругар бр. 13 (покрај Министерството за финансии).
Контакт телефони: 02/3226652 или 02/3221 138.
Како да учествувате?
Лајкувајте ја фан страницата на Вистина: facebook.com/vistina.com.mk
Во коментар тагнете пријател/ка.
Споделете го овој пост на вашиот профил.
Секој учесник може да остави повеќе коментари и да тагне повеќе пријатели (со тоа си ги зголемува шансите за добивка).
Правила на игра:
Giveaway-от трае до 01.12.2025.
Добитникот ќе биде избран по случаен избор и ќе биде известен во порака од фан страната на Вистина.
Наградата не може да се заменува за пари или друг производ.
Секој добитник лично ја подига книгата во книжарницата Матица Ексклузив.







