Мегафон не го заборавија...

Гест за медал на МЗТ Скопје: Пехарот од купот го однесоа во болница кај Ристе Божиновски – Мачор, еден од нивните најверни навивачи кој води здравствена битка (ВИДЕО)

Гест за медал на МЗТ Скопје: Пехарот од купот го однесоа во болница кај Ристе Божиновски – Мачор, еден од нивните најверни навивачи кој води здравствена битка (ВИДЕО)

Победникот на Купот на Македонија, тимот на МЗТ Скопје направи убав хуман гест откако освоениот пехар го однесе во Болница каде се лекува еден од најверните навивачи на клубот.
Претставници на клубот, предводени од капитенот Дамјан Стојановски, заедно со група навивачи меѓу кои и браќата Бранко и Миле Смилевски дојдоа во посета на Ристе Божиновски – Мачор, кој води здравствена битка.

Освоениот пехар од Купот на Македонија  се најде во неговата болничка соба, а од капитенот Дамјан Стојановски, директорот Филип Ѓоревски и тренерот Васко Атанасов
доби златен медал, специјално обезбеден за него како мотив да издржи во борбата што му претстои.

Мачор – МЗТ е со тебе! Сите сме едно плаво-бело семејство! – Стои во објавата на МЗТ.

To top