Радио Милева кој ме гледа?

Гавазова и кога не се мести за да позира, со својот сексапил во бикини максимално доминира (фото)

Гавазова и кога не се мести за да позира, со својот сексапил во бикини максимално доминира (фото)

По некое непишано естрадно правило, кога си познат, она што е за во јавност треба да биде беспрекорно, наместено, стокмено или народски кажано да биде под конец.

Сепак, спротивно на ова добро познато е и дека се’ она што е случајно и спонтано, излегува далеку подобро.
Фотографиите на познатите претежно се со многу шминка, филтри, фотошоп и што ли уште не од новините на супериорната технологија, а така познативе консументи нема што не пробале за тоа да биде нивниот врв.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Suzana Gavazova (@suzanagavazova)

Фолк пејачката Сузана Гавазова глава не може да крене од работа, настапи како приоритет, турнеи во странство, снимање нов материјал во студио… И секако домашни обврски кои не се нималку за занемарување.

Сепак, Сузе вака или така добро знае времето да си го организира, да си се посвети на себе, па и се останато што треба, зашто првин ако нејзе не и е по сите тертипи, тогаш нешто ќе почне да крочи и прави невидлива саботажа.

Затоа, опуштање и нега мора да има, а за тоа тука се салоните за убавина каде Сузе редовно ги распостила своите облини, се негува и грижи за цело тело, надворешно, но и внатрешно.

Уживањето знае да биде и дома, онаму каде е најубаво, а периодов Гавазова тоа го има на вилата во Дојран.

Сезоната за бикини на тераса веќе и почна, а таа кога мисли дека никој не ја гледа и не позира, тогаш и најубаво и најмоќно доминира со својот сексапил и телесен раскош.

Токму една таква спонтана фотографија се најде на нејзините „стори“, каде мора да се признае дека на Сузе не и треба технолошка камуфлажа.

фото: Instagram printscreen/ suzanagavazova

To top