Ненад Маринковиќ Гастоз победи во најпознатото ријалити „Елита 8“ и стана побогат за 100.000 евра. Во својата долга реалити кариера, тој секогаш важеше за фаворит, а во тој период стекна армија навивачи.

Во жестока битка за првото место, тој се бореше со Анѓела Ѓуричиќ, со која помина неколку месеци во турбулентна љубовна врска. Taa заврши како второпласирана и заработи 50.000 евра.

Веднаш по завршувањето на финалето, тие ги открија своите први впечатоци.

„Се чувствуваме феноменално! Не можам да лажам дека не ми се допаѓа што го држам ова. Љубовта ќе трае 150.000 евра“ – рече Маринковиќ и се насмевна.

– Не нè интересираат недвижности, ќе патуваме по светот. Баш нè боли уво“ – рече Гастоз.
Фото: Инстаграм/elita8_zadruga/andjela_gastozzzz







