Иако денес важи за една од најзгодните дами на јавната сцена, Анастасија Ражнатовиќ во минатото водела сериозна борба со вишокот килограми. Во тинејџерските денови нејзината исхрана ја сочинувале хамбургери, индустриски грицки и газирани пијалаци, сè додека не пресекла и целосно го променила начинот на живот. Резултат на таа одлука било губењето на дури 20 килограми.
Зборувајќи за тој период, Анастасија Ражнатовиќ своевремено објасни колку тој пат бил напорен.
„Процесот на слабеење траеше долго, две или три години. Оттогаш ми остана стравот да не се вратам на старо. Затоа штом ќе се здебелам, веднаш почнувам да внимавам што јадам“, призна таа.
За да ја постигне посакуваната линија, целосно ги променила приоритетите во кујната:
„Ги исфрлив нездравите намирници и се трудев да не ги прескокнувам оброците. Најчесто јадам готвени јадења, а во широк лак ги заобиколувам рестораните“, објасни пејачката.
Покрај ригорозната селекција на намирници, клучна улога одиграла и физичката активност:
„Ако изедам нешто благо, веднаш одам на тренинг за што побрзо да ги согорам калориите. Клучот на добриот изглед е дефинитивно во редовното вежбање“, порача Анастасија.
Инаку, Анастасија Ражнатовиќ и нејзиниот сопруг, фудбалерот Немања Гудељ, наводно наскоро би требало да допатуваат во Белград. Ова воедно би било и прво доаѓање на малиот Илијан во Србија.
Малиот Илијан, синот на Анастасија Ражнатовиќ и фудбалерот Немања Гудељ, како и внук на Цеца Ражнатовиќ, наскоро би требало за првпат да допатува во Белград.
Доаѓањето во српската престолнина е планирано за 19 декември, на денот на семејната крсна слава Свети Никола, иако постои можност семејството да пристигне и порано.
Главен услов за нивното доаѓање се професионалните обврски на Немања Гудељ, чиј фудбалски распоред ги диктира семејните планови. Доколку спортските обврски му го дозволат тоа, Анастасија со сопругот и синот празничните денови ќе ги помине во Белград на семеен собир.
фото:Instagram printscreen/raznatovicanastasija






