Екс- кошаркарската двојка и тазе брачни сопружници, Едина Муса и Александар Димитровски Мачка пред десет дена го дочекаа нејубавиот заеднички ден – станаа родители за првпат на нивното прво заедничко дете.
Дека бебето ќе го носи името Максим, се знаеше уште од средината на бременоста на Едина која беше активна во теретана се до ден пред породувањето.
Пред да се породи, таа по препорака на нејзината искусна пријателка, планинарката Ирина Дишо која роди по вторпат, Муса посетуваше предпородилни часови за се’ она што ќе ја очекува за, и по раѓањето кога бебето веќе ќе биде дома.
Првите денови од мајчинството се голем предизвик за мајките, особено оние за првпат, па така и за Едина која на Инстаграм сподели дека се соочува со примена на повеќе помагала во поглед на доењето и се труди колку може да ги избегне лошите искуства. Електрични пумби за измолзување, силиконски брадавици, цуцли и што ли уште не од широкиот спектар на производи за полесно доење и редовен подој.
-Да не се лажеме, се’ од ова ќе ви треба. Посебно пумпицата, затоа ќе споделам малку повеќе од се’ што пројдов минатата недела. Како и да е пумпица обавезно да си набавите за да избегнете лоши искуства…пишува мама Едина обраќајќи им се на сите тазе идни мамички кои се соочуваат со истото како неа.
Ама, и покрај сите слатки маки и предизвикот наречен доење, не може ништо да се спореди со тоа кога ќе го погледнеш и држиш во раце твоето мало љубовче.
Максимче е Г-н „Хикап“ , а тоа беше и снимено на видео кое се најде на „стори“.
Послатко не може да биде, нели?!
фото:Instagram printscreen/edina_musa