Радио Милева погрешно време

„Донесовме снашка “: Димитар Атанасовски „го поздрави“ новиот член во семејството (видео)

„Донесовме снашка “: Димитар Атанасовски „го поздрави“ новиот член во семејството (видео)

ТВ и радио водителот Димитар Атанасовски често привлекува внимание со неговото домашно милениче кучето Атос.

На социјалната мрежа Инстаграм  тој заедно со неговата сопруга познатата пејачка и харфистка Сара Мејс неколку пати бараа помош од следбениците поминувајќи напнати денови каде виновникот беше токму Атос.

Тој неколку пати им бегаше низ скопска Пинтија каде што тие живеат, а по неколку дена темпераментниот Атос самиот се враќаше дома.

Тие уште го нарекуваат  и „кучето  човек“, а златниот лабрадор веќе неколку години е важен член на семејството.

Димитар сега на кратките приказни откако се пофали дека ужива во распустот  додека траат празниците откри и една интересна работа што им се случила во врска со Атос.

Според него во погрешно време , бидејќи  баш и не му се допадна тоа поради јануарските гужви, но сепак подобро така отколку повторно да го снема на неколку дена.

Димитар  привлече вниманието со видеото кое го сними па покажа дека за нивниот пес конечно одлучиле да донесат снашка. ..

– На цела гужва во јануари. Уште снашка за Атос донесовме. Само за убаво нека е!  – напиша тој.

Се надеваме дека со оваа одлука Атос конечно  нема да отсуствува од дома, а наследниците на Сара и Димитар , Илина и помалиот Кирил кои се приврзани со нивното пријателче ќе бидат најсреќни што нема повторно да го бараат.

 

Фото: printscreen/Instagram

To top