Мегафон Регионалната музичка сцена повторно гори

Додека Европа бруи за Gоат Tour, пристигнува Godzilla: Еве кој прв ќе ги слушне новите хитови на Џала Брат и Буба Корели

Додека Европа бруи за Gоат Tour, пристигнува Godzilla: Еве кој прв ќе ги слушне новите хитови на Џала Брат и Буба Корели

Џала Брат и Буба Корели го објавија новиот албум GODZILLA, проект кој за рекордно кратко време ги преплави трендинг листите, социјалните мрежи и стриминг платформите ширум регионот. Кога ова дуо само ќе најави ново издание, веќе стана правило Балканот со денови да не престанува да зборува за тоа, а ниту овојпат ситуацијата не е поинаква.

Нивните албуми со години најбрзо ги освојуваат топ-листите низ цела Европа, а публиката го чекаше новото издание речиси една година. GODZILLA носи дури 10 нови песни, а посебно внимание веднаш привлече темата „Mufasa“, дует со Раста. Кога на иста трака ќе се спојат Џала, Буба и Раста, резултатот никогаш не е просечна соработка – нивните претходни песни одбележаа една ера на регионалниот треп звук и станаа вистинска музичка револуција, па публиката не крие дека од новата соработка очекува уште еден апсолутен хит.

Од продукција со светски звук до рефрени кои уште по првото слушање ја освојуваат публиката, GODZILLA потврдува зошто Џала Брат и Буба Корели со години се на самиот врв на регионалната сцена. Нивното влијание одамна ги надмина границите на Балканот, а секое ново издание ја диктира атмосферата во клубовите, трендингот и плејлистите низ Европа.

Албумот GODZILLA можете да го слушнете ТУКА.

Паралелно со објавувањето на албумот, дуото ја продолжува и својата најголема европска турнеја досега – GOAT TOUR, која од недела во недела ги поместува границите на регионалната концертна продукција. Пред само две недели се случи историски успех во Загреб, каде што распродадоа дури две Арени Загреб во рекордно време и го претворија хрватскиот главен град во центар на регионална музичка еуфорија за која и понатаму се зборува на социјалните мрежи.

Нивниот европски поход продолжува со концертна реприза во земјата каде сè почна, односно во земјата каде стартуваше нивната турнеја и остварија уште еден историски успех и имаа две распродадени арени во Скопје. На 31 јули популарното дуо се враќа во Македонија, а овој пат дестинацијата е Охрид!

Жешката летна сезона ќе биде крунисана со спектакл на брегот на езерото, каде во автентичниот амбиент на Егоист бич барот публиката ќе има можност меѓу првите во живо да ги слушне новите песни од албумот GODZILLA. Судејќи според атмосферата од досегашните концерти, нема сомнеж дека новите песни многу брзо ќе станат неизбежен дел од сет-листата и рефрени кои илјадници луѓе ќе ги пеат во еден глас низ Европа.

Интересот за новите датуми од турнејата расте од ден на ден, додека публиката нетрпеливо ги очекува потврдите за концерти во градови како Белград, Сараево, Љубљана, Берлин, Минхен, Франкфурт и бројни други европски дестинации кои наскоро ќе станат дел од мапата на GOAT TOUR.

Целиот спектакл на GOAT TOUR го потпишува Music Week, платформата што стои зад најголемите музички настани во регионот. Влезниците за концертот во Охрид се достапни преку веб-страницата mktickets.mk

Фото: Din Hodžić,Stefan Rajhl, Igor Cecelja/Music Week

To top