Промотер

ДНК се враќаат на старо со „Фала“ (видео)

ДНК се враќаат на старо со „Фала“ (видео)

Панчо и Андреј или попознати како дуото ДНК имаат прва нова песна во 2025 година која го носи насловот „Фала“.

По последната „Чаршија“, а и претходните „Ако утре ме нема“ и „Животе брате“, ДНК стилски се враќаат на старо, односно стилот на кој сме навикнале да го слушаме од нив.

Kако и за претходните, Pанчо и овој пат повторно го потпишува текстот за „Фала“, додека музиката му е заедничка со нивниот долгогодишен перманентен соработник, најплодниот македонски композитор Лазар Цветковски.

За „Фала“ не изостана ниту видео приказна во која главни протагонисти се тие двајцата и една млада девојка која ја носи приказната од текстот.

Карајот на видеото завршува со посвета на трагично загинатата Фросина Кулакова чиј живот згасна на пешачки премин во центарот на Скопје.

фото:You Tube printscreen/DNKofficial

To top